Сениорската репрезентација на Македонија со водство во текот на целата средба против Данска, обезбеди апсолутно заслужена победа со која го осигура пласманот на некое од првите две места во Квалификациската група.
Со одлична тимска партија – цврсто во одбрана и организирано во напад, нашите кошаркари го контролираа развојот на настаните во текот на сите 40 минути во СЦ „Борис Трајковски“. Рутинската завршница донесе заслужена победа од 80-46.
Со овој триумф, нашите кошаркари го делат првото место во Групата со Белгија, во очекување на последната средба од Квалификациите, во среда против Белорусија. И тој натпревар ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, од 20:30 часот.