Од ноќеска на полноќ бензините поевтинуваат за денар, а дизелот за 1,5 денари. Вака денес одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 77,50 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 79 денари, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 66 денари.
Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинува за денар, а литар ќе се продава за 55 денари. Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,834 денари за килограм и ќе изнесува 38,620 денари.
Малопродажната цена на нафтените деривати е намалена во просек е за 1,82%.