Во врска со соопштението на СДСМ, реакција испрати ВМРО-ДПМНЕ во која стои:
„Да читаш и да не поверуваш за жал СДСМ никогаш не сфати и не научи кое е значењето на името Македонија и за жал со денешното соопштение испратено до медиумите по кој знае кој пат потврди дека тие се тотално анти-македонски, анти- патриотски и антинационално настроени.
Господа од СДСМ доколку барем еднаш разберевте дека Македонија е на Македонците дека таа е земјата во која ние растеме, живееме и дека таа е тлото на нашите предци и идните поколенија никогаш немаше вака јавно да се бламирате и да ја понижувате нашава мила држава Македонија.
Но, вие негодувајќи со излагањето на градоначалникот Никола Бакрачески на последната седница на Советот кој по “зачудувачки“ бурните реакции на вашите советници, објасни зошто е потребно и добро кејот “Маршал Тито“ во Охрид да се преименува и да го носи светото име Македонија, покажавте дека за вас се многу позначајни уште не доволно испитани историски личности од нашава Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против личностите кои се дел од историјата но за нас Македонија и македонскиот народ се пред се. Тоа е разликата меѓу нас и вас. Ние секогаш се бориме за Македонија која е и ќе биде единствена , самостојна и независна држава со свој идентитет и никогаш нема со своите постапки како вас да станеме лесен залак и партнерска “маша“ за соседните земји на кои со вакви соопштенија им дозволувате да удираат по грбот на Македонија и Македонскиот народ.
Но очигледно за вас од СДСМ, се што е врзано со именката Македонија предизвикува чувство на иритација и немир па мора да се демантира и омаловажува .
Дали за вас од СДСМ има оправдување фактот дека бројни млади Македонци во времето на Тито, токму затоа што се стремеле и бореле за независна Македонија биле егзекутирани по пат на сомнителни судења а чии гробови до денес не се откриени? Дали вие од СДСМ знаете колку луѓе кои барале Македонија да биде самостојна и независна држава завршиле на Голи Оток а врз нив се вршела тортура? Дали знаете колку судбини на македонски семејства биле уништени во титовото време затоа што се бореле за Самостојна Македонија?
Желбата на ВМРО- ДПМНЕ и градоначалникот Никола Бакрачески е секогаш да укажува на фактот дека ние живееме и ќе живееме во држава која се вика Македонија, која има своја историја, свои револуционери, свое минато, сегашност и иднина. Целата сегашна политичка борба на ВМРО-ДПМНЕ е насочена кон не уништување на македонското име, народ и нација она за што се бореле нашите славни македонски револуционери.
Се што е врзано за името Македонија укажува на слободата, независноста и самостојноста на државава која е добиена со борбата на нашите револуционери и ние никогаш нема да дозволиме истата да биде уништена. Токму затоа за нас е секогаш оправдано и јасно дека Македонија е света именка која има предност пред секоја друга. Токму затоа за нас вашиот став дека кејот е подобро да се вика Маршал Тито од Македонија е најголема лудост.“ – стои во реакцијата од ОК на ВМРО–ДПМНЕ Охрид.