Веслачки клуб „Југ“ Охрид – Државен првак на Македонија во веслање за 2014

Веслачки клуб „ЈУГ“ Охрид на ден 24 Август, во неделата настапи на Државното првенство во веслање на Република Македонија што се одржа на Дебарското Езеро во Дебар.

На Државното првенсто се веслаше во дисциплините скиф и дубалскул во пионерска, кадетска, јуниорска и сениорска категорија. Веслачкиот клуб „ЈУГ“ Охрид освои 10 први места од 13 одржани трки и со тоа стана Државен првак на Република Македонија во веслање за 2014 година.

Освојувачи на првите места од ВК „ЈУГ“ Охрид беа следните веслачи и веслачки во следните дисциплини:

Климент Трајчески во скиф за пионери.

Ристо Малезан Радиќески во скиф за кадети.

Анастазија Паскали и Исабела Димовска во дубалскул за јуниорки.

Никола Петрески во скиф за јуниори.

Ана Димоска во скиф за пионерки.

Климент Трајчески и Никола Аџиоски во дубалскул за пионери.

Исабела Димовска во скиф за јуниорки.

Александра Ивановска во скиф за сениорки.

Михаил Тасевски и Никола Петрески во дубалскул за јуниори.

Анастазија Паскали во скиф за кадетки.