Продолжен повикот за ангажирање на ракометен тренер за потребите на спортските паралелки

Повик за пројавување на интерес за ангажирање тренер за потребите на дисперзираните класови на спортската академија

Општина Охрид објавува повик за пројавување интерес за ангажирање на :

– Еден ракометен тренер

Конкурсот се објавува во согласност со правилата на Ракометната федерација на Македонија (РКФ).

Услови кои кандидатите треба да ги исполнат се:

За позицијата ракометен тренер

– да ги исполнува условите утврдени во член 27, 28 и 29 од Законот за спортот или да поседува соодветна Диплома и А Лиценца за тренер издадена од страна на РФМ

– да поседува стручни и професионални знаења во струката, при што се земаат во предвид задолжително поседување на меѓународни сертификати.

– потврда за најмалку 2години клубска работа во соодветната категорија за кој кандидат и тоа во последните 5години или минимум 10 години работа во национална селекција на Република Македонија.

– потврда за минимум 5 години работен стаж како тренер.

– да не е осудуван.

– програма за работа за периодот за кој се избира со предлог очекувани резултати.

– да поседува комуникациски, организациски и менаџерски способности, како и способности за пренесување на знаење и вештини.

– потврда за познавање на најмалку еден светски јазик.

– постигнати резултати во неговата професионална кариера, (освоено првенство, куп или настап во евро куповите.

Изборот на кандидатите ќе го врши комисија составена од претставници на соодветната спортска федерација и општината.

Сите заинтересирани кандидати својата пројава на интерес , со сите потребни документи во оригинал , треба да ги достават до Локалната Самоуправа Охрид (со назнака за – за ракометен тренер за Спортската Академија) лично во архивата на Локалната самоуправа најдоцна до 29.08.2014 година до 12.00 часот.

Општина Охрид
Ул.Димитар Влахов“ бр.57

Општина Охрид
Градоначалник
Никола Бакрачески