Почеток на проектните активности во рамки на „Полицијата и учениците се дружат“

Вчера, во рамките на превентивните активности предвидени со проектот “Полицијата и учениците се дружат“, односно „полицаец за секое училиште“, од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес беа посетени основните училишта “Тошо Велков Пепето“ и “Гоце Делчев“ од Кавадарци каде што заедно со директорите и стручни лица се разговараше за прашања од безбедносен карактер кои ни се јавувале и минатата година во овие средини.

На оваа средба беше истакната и потребата од понатамошна заедничка соработка на темите: едукација за безбедно управување со велосипед и велосипед со мотор, безбедно на патот од домот до училиштето, превенција од употреба на дрога, вандализам, насилство и др.

Од страна на одговорните во училиштата полициските службеници се информирани дека првиот работен ден поминал без никакви проблеми и беше изразена подготвеност за заедничка соработка во следниот период. На претставниците од училиштата им беа дадени посебни брошури – ,,реонскиот полицаец советува,, едукативни флаери и им беа упатени честитки за првиот училишен ден со желби за успех во учењето.