ПС Струга поднесе кривична пријава против С.А.(34) од с. Туин, кичевско за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 28.10.2013 година, околу 20,00 часот на магистралниот пат Струга-Охрид пред с. Подмоље од страна на полициски службеници извршен е преглед на патничко возило „Голф“ управувано од пријавениот при што е пронајдено најлонско пакување со 0,13 грама кокаин.