Со оглед на ноторните факти дека нашата заеднича држава, Р.Македонија, во последните неколку години, максимално посветено, посветено и корекно, ги исполнува дадените задачи и критериуми дадени од страна на НАТО, учество на наши војници,во мисиите на НАТО, каде нашите војници добиваат убедливо највисоки оценки, за нивниот ангажман, како и споделување на врвните приоритети, како што се владеење на правото, остварување и унапредување на слободите и правата на човекот и граганинот, остварување и унапредување на малцинските права, развојот на демократските процеси, како и несебично инвестирање во сигурноста и безбедноста во регионот, ја дефинира Р.Македонија, како сериозен кандидат за влез во НАТО.
На престојниот самит на НАТО во Кардиф, очекуваме позитивно изненадување и донесување на одлука која ке корегира една нанесена неправда на самитот на НАТО, во Букурешт. Очекуваме, влез на Р.Макједонија, во НАТО. Тоа, на долгорочен план, би значело,пред се и над се, безбедност во регионот, со оглед на фактичките состојби во светот, од аспект на загрозување на мирот,правата и слободите и животите на лугето, но , и максимално интензивирање на интегрирачките процеси, како на надворешен, така и на внатрешен план. Секоја друга Одлука, би било дефинирано, како нанесување на уште една голема “неправда“ во однос на Р.Македонија, и нарушување на основните птинципи и начела, која ги негува НАТО, истакна Демир Далип- овластен претставник на Египќаните за надворешна соработка.
*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.