Од оваа сабота ЈП „Охридски Комуналец“ започнува со есенскиот циклус на акции за подигнување кабаст и зелен отпад.
Секоја сабота од месеците септември, октомври и првата половина од месец ноември е резервирана за подигнување кабаст отпад, а втората половина од месец ноември и деекември ќе се подигнува зелен отпад. Со акциите етапно ќе бидат опфатени сите реони и населби од градот, за што граѓаните ќе бидат благовремено информирани. За динамиката со која се испланирани овие акции граѓаните можат да се информираат и од годишните календари.
Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на 6-ти септември (сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) од реонот У.З.1 „Стар Град“.
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10:00 часот и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „Охридски Комуналец“ благовремено да го подигнат.