Вулканот во Косел интересен за Холанѓаните

Вулканот „Дувало“ во Косел буди интерес кај туристите. Нашата екипа затекна група туристи од Холандија, кои што денес се одлучиле да го посетат ова место. 

Имено, оваа група холандски туристи, покрај вулканот во Косел покажа огромен интерес за руралниот туризам во Охрид и околината. Како што изјавија за WebOhrid,  тие биле презадоволни од убавините кои ги поседува нашиот град.

Претходно, туристите посетиле и некои од околните населби, а ги посетиле и винариите низ Македонија.

WebOhrid