Од вечерва на полноќ поскапуваат бензините, одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,71%. Така, малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС -95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 78,00 ден/лит, цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,50 ден/лит, а цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 66,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува, односно останува 55,00 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,540 ден/кг, и изнесува 39,160 ден/кг.