Извршено кроење на дрворедот во дворот од Гимназијата

Рано утрово беше извршено кроење на дрворедот кој се наоѓа во дворот на охридската Гимназија – ОСУ „Св.Климент Охридски“. Кроењето го изврши Ј.П. „Охридски Комуналец“ во координација со управата на училиштето.

Поради големината на дрвјата, нивните гранки често сметаа на паркингот покрај Маларична, како и на тротоарот, врз новозасадените дрвца од дрворедот на улицата „Димитар Влахов“.

Ј.П. „Охридски Комуналец“ и во иднина, во соработка со основните и средните училишта од Охрид ќе спроведува вакви акции.

WebOhrid