Една државјанка на Република Србија е затекната со непријавен престој во Кичево при акцијата што деновиве ја реализираа полициските службеници од граничната полиција од регионалниот центар Запад преку одделението за прекуграничен криминал.
А.Б. (24) од Рашка-Република Србија е затекната во угостителскиот објект „Кеш“ на улицата „Кузман Јосифоски Питу“ во Кичево. По поднесената прекршочна пријава согласно законот за странци, основниот суд во Кичево на А.Б. и изрече прекршочна санкција протерување од Република Македонија во времетраење од една година односно „Откажување на престојот со забрана за влез во Република Македонија во рок од една година“.
Во текот на минатиот месец, граничната полиција од регионалниот центар Запад во угостителски објект „Багдад“ во Велешта затекна две албански државјанки кои работеле како естрадни уметнички и имале нелегален престој со што извршиле злоупотреба на туристичкиот престој во Република Македонија за нелегална работа. Нив им е изречена парична казна од 250 евра и забрана за влез во Република Македонија во времетраење од една година.