Утре, во прес салата на Охридско лето ќе биде промовиран Прирачник за употреба на уметноста во работа со ранливи групи.
Прирачникот е еден од продуктите на проектот „Употреба на уметноста каде што е тешко да се зборува-Размени меѓу уметници кои работат во социјалната област” чиј носител е К.Ц. Медиа Артес, а кој е финансиран од Европската унија преку IPA програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија.
Прирачникот е дизајниран како алатка која ќе ги поттикне уметниците и останатите креативни професионалци и ќе им им помогне во нивната работа со ранливи групи.
Покрај теористите текстови, практичните алатки и истражувњето, во централниот фокус на Прирачникот се локалните пилот-активности кои во изминатава година, во рамки на проектот, беа реализирани од страна на професионални уметници со различни ранливи групи и во различни средини/институции.
Промоцијата на Прирачникот е завршниот настан со кој успешно се заокружува едногодишниот проект на К.Ц. Медиа Артес.