Во мај вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесувала 590 609 МWh електрична енергија

Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2015 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 590 609 МWh електрична енергија, 3.088 мил. nm3 природен гас, 436 763 тони јаглен и 75 563 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 70.0% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 95.9% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.