Прва награда за литературна творба за ученик од ОУ „Живко Чинго“ по повод Меѓународниот ден на таткото

Ученикот Дамјан Митрески од „ОУ Живко Чинго” село Велгошти под менторство на професорката по македонски јазик Снежана Стојаноска добива прва награда за литературна творба, по повод Меѓународниот ден на таткото кој беше објавен од страна на Женски центар Бисера – Охрид по објавениот награден конкурс на тема татко. Во прилог песната :

„ТАТКО“
Како што сонцето ме грее,
како што ветерот оддишка ми дава,
како што лебот ми е мил,
како што срцево е врзано со секоја клетка,
како што мислите ми се бесконечни и
бесконечна е љубовта и почитта кон тебе.
Сплотени во разбирање и
заедничка живеачка
ден по ден, чекор по чекор,
мисла по мисла,
среќа за целото семејство,
да се има татко
Да се има и сила и крилја.
И ништо не би било исто,
ниту би имало смисла,
ниту би имало цел.
Без тебе, татко наш,
ти си од сите нас дел.

DamjanMitreski

 

 

 

 

Дамјан Митрески VIIIa одд.

ОУ „Живко Чинго“ –Велгошти

 

 

 

 

 

WebOhrid