Шекеринска на конференција за ЕУ и Западен Балкан

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, учествува на конференцијата „ЕУ и Западен Балкан: 2020“ што во Белград ја организираат Фондацијата ФЕС и Центарот за надворешна политика во Белград.

Конференцијата ја отворија Кори Удовички, заменик премиер на Србија и Гинтер Верхојген, поранешниот комесар на ЕУ за проширување, кој го водеше процесот за приклучување кон Европската Унија на земјите од Централна и Источна Европа.

Заменик претседателката Шекеринска беше говорник на темата “Западен Балкан: Перспективи и очекувања“ и ја подвлече политичката и економската цена што ја плаќа Македонија поради закочениот евроинтегративен процес. Таа повика на зголемен ангажман и иницијативност од страна на ЕУ, за спречување на дополнително влошување на ситуацијата.