Известување за одобрените извозници

Се известуваат одобрените извозници кои поседуваат Одобренија за поедноставување на постапката за докажување на потеклото на стоката (статус на одобрен извозник) дека заради стапувањето на сила на измените на Протоколот за потекло од Договорот ЦЕФТА 2006 кои се резултат на Законот за ратификација на Протоколот кој се однесува на дефиницијата на поимот „производи со потекло” и методи на административна соработка кон Договорот за изменување и пристапување кон Централно-европскиот договор за слободна трговија, објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 131 од 04.09.2014 година, во случајите кога измената има влијание на донесеното Одобрение да поднесат писмено барање за измена на одобрението до архивата на Царинска управа.