Започна Проектот за ставање на албанската страна околу Охридско Езеро под заштита на УНЕСКО

Во Поградец, Албанија започна со реализација Проектот на ЕУ и УНЕСКО попознат како Проект за ставање на албанската страна на регионот околу Охридско Езеро под заштита на УНЕСКО. Билатералниот секретаријат за сливот на Охридско Езеро е нотиран како основа и партнер за проектот во компонентата за зајакнување на прекуграничната соработка клучна за резултатите на Проектот. Утврден е и работен план со кој треба да се исполнат целите на Прооектот до 2017 година.

Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат одржа презентација пред претставниците на УНЕСКО во која ги презентираше начинот на воспоставување и функционирање на БС како и досегашните достигнувања : – „Многу работи поставивме, уште многу треба да се постават и направат за регионот. Целта е заедно со активните проекти за рехабилитација на колекторскиот систем, за Дримскиот басен и за управување со Биосферниот резерват да го обезбедиме одржливиот развој на регионот за што многу ќе помогне овој Проект кој треба да ја стави и албанската страна на езерото под одговорност пред УНЕСКО што ќе донесе сосема поинаков однос и развој. Тоа ќе ја исполни генерациската мисија.“

ProektPogradec02

Претставниците на УНЕСКО истакнаа дека овој проект ќе ги помогне иницијативите за менаџмент со природното и културното наследство и за развој на регионот со посебен однос кон заштитата на Охридското Езеро. За историјатот на Охрид на состанокот зборуваше Горан Патчев од Заводот и музеј Охрид, за менаџмент планот Зоран Павлов од Министерството за Култура на РМ и за заштитените природни подрачја Оливер Аврамоски од Националниот Парк Галичица.