Секторот за комунален развој, сообраќај и улици се пресели во општинската зграда

Поради поголема ефикасност и координираност со останатите сектори во општина Охрид и по барање на градоначалникот Никола Бакрачески, Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици од денеска и официјално има нова местоположба и тоа во зградата на општина Охрид во поранешните простории на одделението за поддршка на Советот на општина Охрид, Секторот за спорт млади и невладини огранизации и одделението за заштита и влијание врз животната средина кои пак се преселија во поранешните просториите на Секторот за комунален развој, сообраќај и патишта кои се наоѓаат на вториот кат во зградата над општинската организација на Црвен крст. Исто така таму ќе функционира и просторијата намената за членовите на Советот на општина Охрид.

Оваа одлука на Градоначалникот Бакрачески кореспондира со неговите намери за поголема екипираност на општинската јавна администрација и зголеменото ниво на координираност помеѓу сродните служби и сектори во општината.

Како што веќе истакнаа од Секторот за комунални дејности, есенва во Охрид започнуваат значајни и витални инфраструктурни проекти за кои што ќе е потребно зголемено ниво на координација и соработка помеѓу секторите во општината коишто веќе го подготвија теренот за отпочнување на конкретните проекти.

Од Секторот за комунален развој, сообраќај и улици напоменуваат дека граѓаните повторно ќе можат да ги извршуваат редовните консултации со стручните лица и да ги пријавуваат своите комунални проблеми на ново лоцираното место на секторот.