Пронајдена дрога кај охриѓанец

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Н.(46) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”. На 16.09.2014 година, при претрес во неговиот дом, полициските инспектори пронајдоа околу 10 грама грама опојна дрога хероин. Пријавениот хероинот го спакувал во една алуминиумска и две најлонски помали опаковки. Дополнително пронајдени се една алуминиумска фолија, лажичка со траги од опојна дрога, рачно изработена алуминиумска цефка со траги од опојна дрога како и други предмети.

Пријавениот С.Н. е лице познат на службата против кого, по слични основи и досега биле поднесувани кривични пријави.