Во месеците јуни, јули и август 2014 година на аеродромите во Република Македонија е забележано зголемување на бројот на превезени патници, споредено со истиот период во 2013 година. Имено, во овие три месеци 2014 година од двата аеродрома во Република Македонија – аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид се превезени вкупно 430.367 патници, додека во истиот период минатата година биле превезени вкупно 367.473 патници.
Најголем пораст на бројот на превезени патници е забележан во август 2014 година, кога од двата аеродрома се превезени вкупно 159.153 патници што претставува пораст од 21% во однос на истиот месец 2013 година, кога биле превезени 131.486 патници.
Според застапеноста на дестинациите по број на патници, најголемиот дел од патниците патувале за Истанбул, Виена, Цирих, Лондон, Базел, Малме и Белград.