Од утре (22.09.) па во наредните неколку дена кандидатите за полицајци кои што на почетокот на годнава ја започнаа едногодишната обука, во рамки на вториот образовен модул од истата посветен на сообраќајот, ќе имаат практична обука на неколку скопски сообраќајници.
Притоа, според програмата, предвидено е идните полицајци во периодот од 09 до 13 часот да се обучуваат во регулација на сообраќајот на крстосниците кај Скопски саем, кај Стара рампа (Кисела Вода), потоа кај Црвен крст, како и на крстосницата кај Народна банка на РМ. Кандидатите ќе бидат распределени во седум тимови од по десет полицајци, а покрај физичката регулација во текот на оваа недела ќе се обучуваат и на регионалниот пат Скопје – Катланово, во поглед на контролата на брзината на движење на возилата и мерење со полициски радар.
Во претходниот период кандидатите го завршија делот од обуката посветен најавниот ред и мир а по завршувањето на овој втор образовен модул кој исто така трае четири месеци, ќе следи последниот посветен на граничните работи. По него ќе биде направена конечната селекција, односно ќе бидат склучени договори за работа со 400 идни припадници на МВР.