Општина Охрид со реакција на прес-конференцијата на ОО на СДСМ Охрид

Општина Охрид испрати реакција во врска со прес конференцијата на ОО на  СДСМ Охрид, во која стои:

„Со жалење мора да констатираме дека тоа што е досегашна пракса, во недостиг на аргументи, знаење и храброст да се дискутира на говорницата во Советот на Општина Охрид, СДСМ ден, а неретко и денови по седниците организира прес конференции на кои се обидува сама, без да има никој наспроти неа, да ја манипулира и лаже јавноста со свои измислени теми, кои во реалноста и не постојат.

Како што се покажа, констатацијата на Градоначалникот дека СДСМ нема да настапи со аргументи на говорницата и дека во деновите по неа, ќе организира прес конференции повторно за жал се покажа како точна и денес како и секогаш од како ќе доживеат фијаско на седниците имаме прес конференција на оваа партија, а вчера на седницата имавме наведнати глави и молк.

Во интерес на јавноста и вистината уште еднаш чувствуваме за потребно да ги објасниме поволните услови на овој заем кој исклучиво го добива општина која направила извесен напредок во однос на финансиското работење , а и следејќи го самото име на проектот ‘’ Проект за подобрување на општинските услуги’’ јасно е дека Општина Охрид во изминатата година и половина одстранила многу недостатоци од своето работење и од тие причини Светска банка овозможи изработка на проекти кои што комплетно се изработени од стручните служби, со нив е аплицирано и најголемата светска финансиска институција го одобори договорот за заем.

Финансирањето на овој капитален инвестиционен проект после донесена Одлука од совет ќе се направи по пат на долгорочното домашно задолжување на Општина Охрид, преку потпишување на Договор за под-заем со Министерството за финансии, во рамки на средствата обезбедени со Проектот за подобрување на општинските услуги(МСИП) финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, во висина од 127,053,724 денари со ДДВ под следниве услови:

рок на отплата: 13 години

грејс период: 3 години

Годишна рата од 12,705,372 МКД

Последниот датум на отплата на заемот нема да биде подоцна од 15.02.2030 година

– каматна стапка: шест месечен EURIBOR со вaријабилен распон (http://www.euribor-rates.eu/euribor-rate-6-months.asp)

Предвидената каматна стапка се променува на дневна основа и доколку тоа се провери на горепосочениот линк може да се види дека денес истата изнесува 1,22 % со тоа што во претходните години истата никогаш не надминала износ од над 2 %.

Бидејќи долгорочното задолжување на општината ќе се реализира со каматна стапка од шест месечен EURIBOR со вaријабилен распон кој никогаш не надминува 2 % , споредено со финансиската проекција од ПАД – от далеку од очигледно е дека проектот е финансиски оддржлив и дека ова задолжување е добредојдено за општина Охрид.

Хипотетички доколку денес требаше да се плати рата од кредитот , каматата на доспеаната рата ќе изнесуваше 1,22 % .

Што се однесува до јавно поставеното прашање, каде ќе се потрошат овие средства, по кој знае кој пат на господата од СДСМ ќе му дадеме список на инвестиции кои ќе се реализираат со овие пари, а кои јавноста ги имаше на увид многупати до сега.

Парите ќе се потрошат за:

Изградба на кружен тек на две постојни крстосници на булеварот Туристичка, , рехабилитација на пет локални улици и два локални патни правци како и изградба на атмосферска канализација на улицата “Васил Стефоски“. Со проектот ќе бидат опфатени следниве улици/патишта: локален пат Охрид-с.Елшани, “Илија Смически”, булевар „Туристичка“( Туристичка /Македоснки Просветители и Туристичка /Бистрица, “Питу Гули”, ”Ристо Чадо”, ”Трајче Трајчески”, “Мича Галиќ”, “Сатеска” и “Васил Стефоски“ како и набавка на 5 комунални возила за ЈКП Охридски Комуналец со капацитет на подигнување на отпад од контејнери со зафатнина од 1.1m3 и канти од 120-240 литри и тоа две возила од 3 m3 и едно возило од 9+1m3 ,едно возило од 16 + 1m3 и една хидростатична машина за чистење на улици -електричен тип.

За крај уште еднаш кажуваме дека ваквата појава да се молчи на седниците на Советот, да се седи со навендата глава или опозицијата сама себе да се заглави во констатации неприфатливи за денешниот степен на развој на цивилиацијата, или да постават прашања кои потоа кога ќе се одговорат ќе ги отворат нај големите афери од владеењето на СДСМ и коалиционите партнери, а потоа да се држат прес конференции станаа пракса во работата на опозицијата и граѓаните тоа многу добро го знаат, го препознаваат и точно знаат дали опозицијата е конструктивна и дава реални и издржани предлози или е дезориентирана и сама на себе си пласира и си ги вади од под тепих нај големите скандали и афери кои ги направија додека беа на власт, а се на директна штета на граѓаните на Охрид.

Колку за потсетување опозициската коалиција на седниците кога се дискутираше за јавното проватно партнерство за паркинзите, како предлог даваше решение паркинзите да се орпемат со софистицирана опрема со пари добиени преку хипотекарен кредит од комерцијалните банки, со камати и пет пати повисоки од каматата која е даде Светска банка.

Замислете како би изгледала економкската политика на Општина Охрид во овој период доколку големите ‘’економски умови’’ од СДСМ истата ја водеа и конципираа . Следејќи ја оваа економска политика за една и пол година долгот на општината ќе беше сигурно над 60 милиони евра.

После сето ова се прашуваме како ‘’експертите’’ од СДСМ ги стекнале своите дипломи од областа на економијата кога не знаат основни економски показатели или пак сето тоа го знаат и свесно ја манипулираат јавноста.

Едно е јасно, градоначалникот Бакрачески и админситрациајта која ја предводи, праксата покажа дека секогаш носат спротивни одлуки од оние кои би ги донеле господата од СДСМ и тоа се покажува дека е исправна политика во интерес на градот.“- се вели во реакцијата.