Оформена уште една сообраќајница во централното градско подрачје

Градежните активности за изградба и реконструкција на тротоарот на улицата „Мите Богоески“ на пресекот со улиците „Димитар Влахов“ и улицата „Даме Груев“ кај економското училиште завршија. Комплетно се уредени тротоарите од двете страни на улицата, поплочени со бехатон плочки и поставени се бетонски столбчиња. Градежните работи во целост ги изведуваше ЈП „Нискоградба“, а хортикултурното уредување го вршеше ЈП „Охридски комуналец“.

ulica_ekonomsko_4002

Со оформувањето на сообраќајницата се зголемува безбедноста на пешаците, а особено на учениците од ОССУ „Св. Кирил и Методиј“ – Економско училиште.

ulica_ekonomsko_4001