Во Италија запленети 17 милиони фалсификувани евра

Италијанската полиција уапси едно лице во близина на Неапол и заплени фалсификувани банкноти во вредност од 17 милиони евра.

Полицијата изјави дека запленетите банкноти се верна копија на оригиналот и тешко може да се препознаат доколку би се пуштиле во оптек.

Градот Неапол и неговата околина е главен центар во Италија на секаков вид фалсификување.