По повод 70 години од формирањето на охридско-струшката бригада во село Велмеј, вчера делегација на Општинскипт Сојуз на борци од НОАВМ 1941-1945 и на граѓани продолжувачи во општините Охрид и Дебарца како и делегација на Основната организација од село Велмеј положија свежо цвеќе пред споменикот.
Пред присутните се обрати борецот Крсте Крстаноски за значењето на оваа бригада која покасно станала дел од баталјонот „Мирче Ацев“.