Започна украсувањето на зелените површини со есенски цвеќиња

Екипите на „Паркови и зеленило„ започнаа со разубавување на зелените и цветни површини во градското и вонградското подрачје со засадување на есенскиот саден материјал од видот хризантема. Првите цветни катчиња со хризантеми никнаа кај паркот во близина на мостот кај каналот „Билјанини Извори“ и паркот кој го симболизира влезот во Охрид кај сообраќајната клучка од магистралниот пат Скопје-Охрид.

IMAG0236

Есенскиот расад се произведува во сопствениот расадник и застапени се хризантеми со различна големина и широк колоритен спектар. Предвидено е засадување во градскиот парк, парковите кај кружните сообраќајници и други позначајни локации.

Есенскиот расад ќе остане на цветните површини во текот на есенскиот период, а веќе од месец декември е предвидено засадување на цветен расад од видот виола (очиња).

8