Заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ денеска во просториите на Министерството за култура, оствари работна средба со државниот секретар во Министерството за труд, вработување и социјална политика на Република Србија, Драган Поповиќ …
На средбата, заменик-министерот Недељковиќ истакна дека од големо значење и за Република Македонија и за Република Србија е што двете земји кои имаат добрососедските и пријателски односи, имаат одлична комуникација и во областа и на културата, која се карактеризира со размена на бројни проекти и уметници.
Во рамките на работната посета, државникот секретар Поповиќ, ќе посети неколку културно-историски споменици, меѓу кои Спомен-костурницата „Збрењак“, српските воени гробишта во Битола, Спомен-комплексот Кајмакчалан, како и општината Младо Нагоричане.