Оваа година светскиот ден на туризмот привлекува посебно внимание на улогата на туризмот за придонесување на една одржлива иднина за сите: развојот на заедницата. Овој фокус е во согласност со глобалната транзиција кон цели за одржлив развој како водечки принцип промовиран од страна на ОН.
Како сектор кој претставува 9% од глобалниот БДП, едно од 11 работни места во светот, како и клучните приходи како сектор за развој и на економии во развој, туризмот е широко признат и со неговиот капацитет одговара на глобалните предизвици.
Со посебен акцент на заедницата, Светскиот ден на туризмот 2014 нагласува како туризмот може да биде погоден за унапредување на одржливиот развој на локално ниво. Туризмот го вклучува локалното население во процесот на донесување на одлуки во согласност со локалните приоритети. Можноста да стане дел од синџирот на туристичка вредност активно ги вклучува заедниците во процесот на развој. Туризмот станува катализатор на социјалната кохезија, оди подалеку од непосредното влијание на создавањето работни места и неговите позитивни економски последици и подобрува способности кои го мултиплицираат влијанието на туризмот уште повеќе.