Од Агенцијата за храна и ветеринарство известуваат дека во тек се две тендерски постапки за прибирање на понуди на проекти кои се финансираат во рамките на ИПА 2010, Компонента 1–ТАИБ, каде Агенцијата за храна и ветеринарство е институција корисник, одговорна за техничка имплементација на:
1. Договор за набавка на опрема за официјални контроли за безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна област и канцелариска опрема за ГП Блаце и Табановце.
Крајниот рок за доставување на понудите за овој тендер е 20 Октомври 2014, до Секторот за централно финансирање и склучување на договори при Министерството за финансии.
2. Договор за изградба на објекти за потребите на ветеринарните и фитосанитарните инспекциски служби на Граничен Премин Блаце.
Крајниот рок за доставување на понудите за овој тендер е 28 Октомври 2014, до Секторот за централно финансирање и склучување на договори при Министерството за финансии
Тендерските досиеа, како и повеќе информации за сите проекти кои се имплементираат со помош на ИПА инструментот може да најдете и на веб страната на Секторот за централно финансирање и склучување на договори http://cfcd.finance.gov.mk/.