Македонските традиционални јадења ќе станат дел од Европското мени

Агенцијата за храна и ветеринарство потпиша договор со Европската Агенција за безбедност на храната – ЕФСА за реализација на проект за спроведување на истражувања на навиките во исхраната на деца од 1 до 9 годишна возраст, кој ќе го реализира во соработка со Институтот за јавно здравје. Истражувањата ќе се спроведат согласно европската методологија за ваков вид истражувања. Со проектот, кој за прв пат ќе се спроведе во земјава, како дел од истражувањето за навиките во исхраната кое ЕФСА го спроведува неколку години во земјите членки на Европската унија, за…

повеќе...

Заврши 5-от Меѓународен фестивал на национална драма во Тетово

Театарски ансамбли од Македонија, Косово, Албанија, Турција и од Швајцарија настапија на годинешниот 5-ти, јубилеен, Фестивал на национална драма во Тетово. Публиката имаше можност да проследи одлични настапи на ансамблите од земјава, но и да ужива во перформансите на театрите од странство. Фестивалот беше отворен со претставата насловена „Графити“, по текст на Мехмед Краја, а во режија на Фадиљ Хусај, во изведба на гостите од Народниот театар од Косово. На свеченото отворање на Фестивалот, покрај директорот на театарот Валмир Азири, свое обраќање, а воедно и чест да го прогласи Фестивалот…

повеќе...

Одбележан Денот на АХВ и Светскиот ден на храната

„Претстојниот 16 Октомври, Светскиот ден на храната го славиме и како ден на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија. Храната претставува едно од најзначајните прашања. Ресурсите на храна на земјата се намалуваат. Популацијата е во пораст, а климатските промени и загадувањето животната средина битно влијаат врз приносите и безбедноста на храната“ – рече директорот на Агенција за храна и ветринарство Зоран Поповски во обрачањето пред присутните на настанот. Оваа година темата под која се одбележува светскиот ден на храната се однесува на влијанието на климатските промени врз безбедноста…

повеќе...

Почнаа отворените денови на АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија, денес од Ресен го почна новиот циклус на непосредни средби со операторите со храна и граѓаните од овој регион, во рамки на Отворените денови на Агенцијата за храна и ветеринарство. Почнувајќи од денес до средината на ноември, првите луѓе на Агенцијата средби со компаниите и граѓаните ќе одржат и во Битола, Охрид и Струга, во Прилеп, Велес и во Скопје. Преку отворените денови за компаниите и граѓаните кои Агенцијата за храна и ветеринарство почна да ги реализира минатата година, покрај запознавањето со…

повеќе...

АХВ вклучена во контролата на органските производи

Надзор на преработката и прометот на органските и производите во преод од страна на инспекторите за храна и официјалните ветеринари, постапувајќи по базичниот Закон за безбедност на храната и по законите за органско земјоделско производство и за заштита на потрошувачите, и врз основа на подзаконските акти кои произлегуваат од нив а се однесуваат на органското производство се основите врз основа на надлежноста на Агенцијата за храна и ветеринарство во контролата на органските производи. На работилницата, посветена на предизвиците и пречките со кои се соочуваат македонските производители на органска храна, принципот…

повеќе...

АХВ досега подели 15 илјади килограми концентрат за добитокот во поплавените села во скопско

За интерветно да им помогне на сточарите од поплавените региони, Агенцијата за храна и ветеринарство од донации обезбеди и на одгледувачите на добиток од Арачиново, Брњарци, Црешево, Инџиково, Смилковци, од Стајковци, Сингелиќ, од Страчинци и Виниче, досега им подели околу 15 илјади килограми концентрат за исхрана на преживеаниот крупен и ситен добиток. Најголем дел од донираниот концентрат, односно 231 вреќа или 11.650 килограми, наменети се за исхрана на говедата и поделени се на сточарите согласно потребите на одгледувачите на добиток, односно врз основа на бројот на преживеани грла кои ги…

повеќе...

АХВ со препораки до населението во поплавените региони

КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИТЕ ОД ЗАРАЗНИТЕ БОЛЕСТИ КОИ СЕ ПРЕНЕСУВААТ ПРЕКУ ХРАНАТА И ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ? КАКО ДА ГИ ЗАШТИТИТЕ ЖИВОТНИТЕ ОД ПОПЛАВИ? -За време на поплавите постојано да се следат информациите за водоснабдувањето и безбедноста на водата за пиење преку локалните и националните телевизии, радиjа и преку интернет порталите. – За пиење, за подготовка на храна и за одржување на лична хигиена, да се користи само пакувана вода или вода за пиење од цистерни која ја доставуваат јавните водоснабдителни претпријатија. – Доколку постојат резерви вода, истата да не се…

повеќе...

АХВ со совети како да се заштитиме од труење со храна

Труењето со храна е често предизвикано од бактерии во храната со која се ракувало неправилно или пак истата била неправилно чувана. Таа храна може да има навидум нормален изглед, мирис и вкус. Кај одредени категории на луѓе, како што се малите деца, трудниците, старите луѓе и луѓе кои боледуваат од одредени заболувања, опасноста од труење со храна е поголема. *За да биде храната која ја купувате или носите дома безбедна за консумирање, применете ги следните совети, кои на едноставен и практичен начин објаснуваат што треба да сторите. Десет едноставни чекори…

повеќе...

АХВ: Нема пречка термички третираните говедски производи да се извезуваат

Нема никаква пречка соодветно термички третираните производи и нус производи од говедско месо да се извезуваат на рускиот пазар. Воведената забрана за увоз на говеда, месо и на други месни производи од Македонија во Русија поради појавата на болеста јазлеста кожа во нашата земја, е од времен карактер и се однесува исклучиво на живи животни, на месо и производи од говедско месо кои не се соодветно термички тертирани, како и на и нус производи од говедa (кожа) која не е соодветно третирана. Забраната за увоз, руските ветринарни власти ја вовеле…

повеќе...

Во Брисел одржан првиот регионален состанок на Европската експертска група за справување со болеста јазлеста кожа

Македонија добро се справува со болеста Јазлеста кожа, рече директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски за ТВ Канал 5 по првиот регионален состанок на Европската експертска група за справување со меѓугранични болести кај животните, организиран од страна на Светската здравствена организација, поддржана од Европската комисија кој во понеделникот и вторникот се одржа во Брисел. Состанокот беше посветен на регионалниот проблем за справување со болеста јазлеста кожа и на него беа присутни сите балкански земји. Претставниците на земјите каде е присутна болеста, ги презентираа преземените мерки и искуствата…

повеќе...