ЈП „Охридски Комуналец“ во соработка со локалната самоуправа ќе земе активно учество во националната акција за чистење „Македонија без отпад“, која ја спроведува Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата „Ајде Македонија“. Акцијата ќе се реализира на 4-ти октомври (сабота) со почеток во 06.00 часот, а ЈП „Охридски Комуналец“ ќе го расчистува патниот правец Охрид -Скопје, на потегот од сообраќајната клучка на влезот во Охрид до село Подмоље.
Од претпријатието ги повикуваат сите заинтересирани граѓани да се вклучат во акцијата, а од страна на ЈП „Охридски Комуналец“ ќе им бидат доделени ракавици и најлон-кеси.
„Со тоа и проектот ќе ја оправда својата цел- чистење на отпадот кој се наоѓа на несоодветни места во околината, развивање на свеста кај граѓаните за правилно управување со отпадот и развивање на механизми за поддршка на граѓаните, општините и другите засегнати групи за подобро справување со неорганизираното и незаконско фрлање отпад.“– велат од претпријатието.