Утре ќе биде промовиран „Прирачник за шах“ од охриѓанецот Борис Лушески

Во Шаховската школа „Ласкер“ од Охрид, ќе биде промовиран „Прирачник за шах“ од авторот Борис Лушески од Охрид во издание на „Летра “ – Охрид.

Промоцијата ќе се одржи во среда – 1 октомври во 19 часот во просториите на Шаховската школа „Ласкер“ во ОУ „Братство – Единство“ .

За содржината и значењето на прирачникот ќе зборува писателот Тоде Илиески, кој во светот на шахот е познат како шаховски проблемист.