ЈП „Охридски Комуналец“ врши продажба на пластични канти за отпад

ЈП „Охридски Комуналец“ -Охрид ги известува граѓаните на општина Охрид, како и правните субјекти кои ја обавуваат својата дејност на територијата на општина Охрид дека врши продажба на пластични канти за отпад со капацитет од 120 литри по цена од 1.200,00 ден.

Отплатата на кантите може да се врши одложено на 12 рати. Износот на месечната рата ќе биде вкалкулиран во вкупниот износ на месечните сметки за подигање, транспортирање и депонирање комунален отпад и јавна чистота, по претходно регулиран Договор кој странките можат да го склучат во просториите од дирекцијата „Нов Расадник“ бб Охрид.