Кампања – „Среќна и безбедна 2015 година – во семејно и пријателско дружење“

Одделението за превенција при СВР Скопје утре (26.11.) со почеток во 11.00 часот, во ТЦ Капитол во населбата Аеродром, а во соработка со Мисијата на ОБСЕ, Црвениот крст на Град Скопје и ученици од основните училишта, ќе започне со активности кои ќе го одбележат почетокот на кампањата “Среќна и безбедна 2015 година – во семејно и пријателско дружење“.

Основна цел на кампањата е подигање на свеста кај граѓаните, особено кај малолетната популација за опасноста од употребата на петарди и други пиротехнички средства, намалување на бројот на повредите од нивната употреба, како и преземање на низа превентивни активности насочени кон одржување и подигнување на општото ниво на безбедност.