Заврши дваесет и деветата седница на Советот на Општина Охрид

Советот на општина Охрид, на денешната седница ги усвои извештаите за работењето и остварените резултати за првата половина од 2014 година на јавните претпријатија „ Охридски комуналец“ , „ Градски пазар“ , „ Нискоградба“ , „ Градски гробишта“ , „ Билјанини извори“ и Работната единица „ Водовод“ .

Беа прифатени и годишните извештаи за работа и материјално- финансиското работење за учебната 2013/ 2014 година и програмите за работа за учебната 2014/ 2015 година на основните училишта „ Христо Узунов“ , „Григор Прличев“ , „ Св. Климент Охридски“ , „ Братство- Единство“ , „ Кочо Рацин“ , „ Св. Наум Охридски“ од село Пештани“ , „ Живко Чинго“ од село Велгошти, „ Ванчо Николески“ од село Лескоец, музичкото училиште „ Методи Патче“ како и на средните училишта „ Св. Климент Охридски“ , „ Св. Наум Охридски“ , „ Ванчо Питошески“ и годишната програма за работа на детската градинка „ Јасна Ристеска“ и на новоотвореното средно училиште „Св. Кирил и Методиј“ .

Советниците ги усвоија и предложените одлуки за измена на распоред на средствата во буџетот на општина Охрид за 2014 година, за спроведување мерки за субвенционирање на трошоци за комунални такси и за измените и дополнувањата на статутот на ЈП „ Градски гробишта“ .

Од урбанистичката сфера беа прифатени предлог- одлуките за донесување детален урбанистички план за УЗ 11, дел одУБ 11.4-опфат 1 МЗ Видобишта, општина Охрид, плански период 2010-2015 , усвојување на измени и дополнувања на развојната програма за изработка на урбанистички планови за периодот 2014- 2016 година, за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на Кп бр. 2331 КО Долно Лакочереј, Кп бр. 29/1 КО Косел , Кп бр. 216 КО Лескоец , Кп бр. 1797 и 1798/1 КО Велгошти, Кп бр. 1902/4 КО Лескоец, Кп бр. 2339 КО Лескоец. Кп бр. 29/3 и 29/4 КО Косел, Кп бр. 442/1 КО Љубаништа, Кп бр. 730/3 КО Косел, Кп бр. 750/1 КО Косел, Кп бр. 837/3 КО Косел, Кп бр. 1210 КО Пештани, Кп бр. 1347/2 КО Трпејца, Кп бр. 1772/1 КО Велгошти, Кп бр. 2103 КО Лескоец, Кп бр. 2119 КО Лескоец, Кп бр. 2120 КО Лескоец, Кп бр. 2196 КО Лескоец, Кп бр. 2620 КО Велгошти, Кп бр. 2749 КО Велгошти и Кп бр. 3087/1 КО Елшани како и одлуките за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на трасата на сообраќајната инфраструктура на Кп. бр.5036 КО Охрид 4, Кп. Бр. 7686/2 КО Охрид 1, Кп. Бр. 2880 КО Велестово, Кп.бр. 5014 КО Охрид 4, Кп.бр. 5341/2 КО Охрид 4 и Кп бр. 11234/1 КО Охрид 2.