Протест на жителите на село Велмеј за дислокација на депонија

Група жители од село Велмеј, преку допис до охридските медиуми, реагираат дека вчера камионот на Јавното претпријатие ,,Дебрца’’ бил спречен отпадот од цела Дебрца да биде депониран во дивата депонија.

Како што велат, иако ова не бил прв протест во Велмеј за дислокација на депонијата, тие воопшто не наишле на разбирање од локалната власт.

IMAG0091

„Оваа депонија сместена веднаш над селото повеќе пати во текот на летото гореше и не беа преземени никакви мерки. Наместо да се бара решение за оваа ,,еколошка бомба’’, директорката на Јавното претприатие во повеќе наврати кажа дека оваа локација е најдобрата во Дебрца за депонија. Зарем нивите на жителите на кои досега се одгледуваа најразлични земјоделски производи се најпогодно место за депонија? А да не споменуваме дека тука се наоѓа и каптажата од која селото Средорече се снабдува со вода – навистина погодно место! По се изгледа вчерашнот протест воопшто не бил вреден, затоа што без никаков срам Директорката уште рано утринава го испратила возилото повторно во Велмеј, кое и денес наиде на жив штит.“– велат жителите од село Велмеј.

Велмешани се надеваат на брзо решавање на овој проблем, инаку како што велат и понатака незадоволството ќе продолжат да го изразуваат на најразлични начини.

 photo 3 - Copy