Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека е започната постапка за донесување на нов Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Предлогот на новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата има за цел да воведе нови решенија со кои ќе се зајакне безбедноста на сите учесници во сообраќајот и истовремено да се предвидат високи стандарди за лична одговорност на секој учесник во сообраќајот.
Предлогот на новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата и нацрт Извештајот за проценка на влијанието на регулативата, предвидено е да бидат изработени од страна на Министерството за внатрешни работи заклучно со 30.09.2014 година.
Рокот за јавен увид од страна на засегнатите страни и граѓаните на Република Македонија и за доставување на своите, коментари, мислења и предлози ќе трае се до доставување на конечната верзија на Предлог текстот на новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата до Владата на Република Македонија.
Јавниот увид ќе биде организиран од страна на Министерството за внатрешни работи и ќе отпочне со денот на објавување на Предлог текстот на новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата на веб страницата на Министерството за внатрешни работи www.moi.gov.mk и Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) www.ener.gov.mk и ќе трае се до доставување на конечната верзија на Предлог текстот на новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата до Владата на Република Македонија.
Електронската верзија на предлогот на новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата и нацрт Извештајот за проценка на влијанието на регулативата можат да бидат превземени на веб страницата на Министерството за внатрешни работи www.moi.gov.mk и Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) www.ener.gov.mk.
Своите коментари, мислења и предлози засегнатите страни и граѓаните на Република Македонија може да ги доставуваат до одговорното лице за контак вo Министерството за внатрешни работи г-ѓа Марија Јаковлеска на поштенска адреса ул. „Димче Мирчев“ бр. 9, Скопје и е-mail: marija_jakovleska@moi.gov.mk.