Општинската изборна комисија Охрид денес на прес-конференција објави дека на Локалните избори 2017 одржани во неделата, на 15 октомври, за Градоначалник на општина Охрид е избран Јован Стојаноски од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. За членови на Совет на општина Охрид избрани се: Константин Георгиески, Живка Ангелоска, Мишел Силјаноски, Сашо Ставрески, Елеонора Куноска, Бесим Демиров, Џенгоз Реџеп, Марија Попоска, Филип Јованоски, Рената Арнаудова, Ристо Булоски, Кирил Пецаков, Гордана Коњановска, Снежана Стефаноска, Илија Арнаудоски, Гоце Георгиески, Лидија Петкоска, Александар Попоски, Славица Петровска, Џанер Исмаил, Дејан Шикоски, Нефи Усеини и Џемал Мена. „Од…
повеќе...Tag: закон
Утре ќе се собираат потписи за законски измени за олеснување на животот на лицата со пречки во развојот
Здружението на граѓани со ретки болести „Живот со предизвици“, ги информира граѓаните, дека во Охрид ќе биде отворен пункт на кој ќе се собираат потписи за поддршка на иницијативата за законски измени со кои треба да им се олесни животот на лицата со пречки во развојот. Пунктот ќе биде отворен утре (26 април) со почеток од 10:00 часот, на Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“. WebOhrid
повеќе...Народна банка предупредува за ризиците поврзани со ONECOIN и останатите „дигитални“ (крипто) валути
По добиени информации за постоење на дигитална (крипто) валута ONECOIN во која инвестираат и граѓаните на Република Македонија, Народната банка изврши анализа на оваа дигитална валута, како и начинот на кој се вршени трансакциите за нејзиното купување. Со денешното соопштение, Народната банка сака да укаже на постојната законска регулатива поврзана со овој вид трансакции, но и високите ризици кои ги носи инвестирањето, чувањето и разменувањето на оваа дигитална (крипто) валута. Народна банка ја информира јавноста дека, во изминатиот период, повеќе странски регулаторни тела издадоа слични соопштенија за оваа дигитална валута.…
повеќе...СДСМ: Повлекувањето на Законот за владино рекламирање е победа на граѓаните
СДСМ со соопштение до медиуте, во кое стои: „Пропагандата на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ вчера доживеа уште еден пораз. Повлекувањето на предлог закон за владино рекламирање на Владата под притисок на СДСМ и на јавноста мораа да го повлечат од дневниот ред во Собранието и тоа е победа за сите оние кои сакаат во Македонија да има вистински слободни и независни медиуми. Без слобода на изразување и без слободни медиуми не може да има демократија во Македонија. Владиното рекламирање долги години е еден од главните механизми со кои власта ги…
повеќе...Тунтев: Со овој закон се остава простор за злоупотреба на градежните парцели
„Овој предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање не можеме да го прифатиме и сме против, затоа што повторно да се oстава простор за злоупотреба за градежните парцели“, рече пратеникот Томислав Тунтев во однос на предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање, по скратена постапка.
повеќе...Трајчевски: Радио Охрид не ги изврши обврските предвидени со закон
Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донесе одлука за одземање на дозволата за радио емитување на ТРД „Радио Охрид“ ДОО Охрид, откако беа исполнети законските услови, вели директорот на Агенцијата, Зоран Трајчевски. „Издавачот на медиум и во дополнителниот рок не ги изврши обврските предвидени со одредбите од Законот за медиуми“ – вели Трајчевски. Тој додава дека претходно на радиото, поради повеќекратно недоставување на податоци му биле доставувани опомени и решение за изрекување мерка, а му биле дадени неколку рокови за усогласување на работењето. Агенцијата за аудио и…
повеќе...Пратениците ги изгласаа измените на Изборниот законик
Пратениците синоќа со 92 гласа „за“, три „против“ и еден „воздржан“ по скратена постапка ги изгласаа измените на Изборниот законик поднесени од пратениците Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, Горан Сугарески од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА. Измените во Изборниот законик се дел од најновиот договор што четирите партии го постигнаа во средата заради излез од политичката криза. „Законот е кус, се состои од три члена. Со оглед на тоа дека преземена е обврска помеѓу четирите политички партии да се запазат рокови, предлагам да го изгласаме денеска“…
повеќе...Ристовски: Екстерното ќе се спроведува од шесто одделение
Екстерното тестирање наместо од четврто одделение ќе се спроведува од шесто, се предвидува со новите законски измени кои вчера собранието ги изгласа, појасни заменик министерот за образование и наука. Новина е и тоа што резултатите од екстерното нема да влијаат на просечниот успех на ученикот. „Оваа реформа беше најавена уште пред неколку месеци од страна на претседателот на Владата во тој период, Никола Груевски кој спомена дека ќе пристапиме кон широки консултации кои што ги реализиравме во изминатите неколку месеци. Како резултат на тие широки консултации се донесоа заклучоците кои…
повеќе...Екстерното излегува од сведителството и ќе почнува од шесто одделение
Резултатите од екстерното тестирање нема да влегуваат во конечниот успех на ученикот, односно нема да влијаат врз просекот на успехот и на оценките во сведителствата, предвидуваат измените на Законот за основно и за средно образование, кои се во собраниска процедура. Ќе се воведе додаток во сведителството во кој ќе се наоѓаат резултатите од екстерното тестирање, а не како што беше досега, резултатите од екстерното тестирање да се во рамките на сведителството. Драган Данев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, вели дека со овие измени се решаваат недоразбирањата што настанаа во јавноста околу оценката…
повеќе...Потрошувачите недоволно информирани за ризиците во е-трговијата
Организацијата на потрошувачите на Македонија денес во Охрид одржа трибина, на која ги информираше потрошувачите од општина Охрид за ризиците кои што постојат во е-трговијата, односно купување на производи преку интернет, на што треба да внимаваат, каде да се обратат доколку се оштетени од одредени услуги и сл. „Ова е сфера која што и кај нас доживува подем во последните години, достапни се се повеќе производи и услуги што се нудат преку интернет достапни се и се повеќе домашни електронски продавници и со тоа нормално расте и бројот на проблемите со…
повеќе...