Ново! Упатство за навремено исполнување на парични обврски и надзор над деловни трансакции помеѓу економски оператори од приватен сектор

Со цел информирање на јавноста за надлежностите и активностите на УЈП во спроведување на Законот за финансиска дисциплина, начинот и формата на поведување на постапката на надзор при неисполнување на паричните обврски помеѓу економските оператори од приватниот сектор, постапката на известување на УЈП, санкции за прекршителите…Управата за јавни приходи изготви ново „Упатство за навремено исполнување на парични обврски и надзор над деловни трансакции помеѓу економски оператори од приватен сектор“.

  • Економски оператори од приватен сектор (трговско друштво, трговец поединец основан согласно со Законот за трговските друштва; и физички и правни лица кои вршат профитна дејност и се регистрирани согласно со закон) имаат обврска да го спроведуваат Законот за финансиска дисциплина („Службен весник на РМ“, бр.187/2013) од 1 Мај 2014 година за деловните трансакции меѓу економските оператори од приватниот сектор, настанати од 1 Мај 2014 година.
  • Управата за јавни приходи има надлежност за спроведување на надзор над спроведувањето на Законот за финансиска дисциплина преку инспекциски надзор во приватниот сектор почнувајќи од 1 Јануари 2015 година, за деловните трансакции помеѓу економските оператори од приватниот сектор.

Упатството е наменето пред се за економските оператори од приватен сектор, како и за судовите, извршители и нотари како надлежни подносители на барањата за спроведување на надзор до УЈП.