Oдбележан Патрониот празник на општина Дебрца

Денес во с.Црвена Вода со низа свечености достојно се одбележа Патрониот празник на општина Дебрца и 71- година од издавањето на Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ. Активностите за чествување на празникот започнаа со полагање на свежо цвеќе и посета на спомен домот од делегацијата на општина Дебрца , Општинската организација на Сојузот на борци во општините Охрид и Дебрца, општинската организација на Сојуз на борци Струга, Здружение на Ветераните од одбраната и безбедноста на РМ (огранок Охрид), Здружение на Титоисти Охрид и Струга и МЗ Црвена Вода.

10584321_10201674117094512_2049490544_n

Празнувањето продолжи во просториите на салата во с.Мешеишта каде присуствуваа претставници од општина Дебрца,претставници од Сојузот на борци, ученици, родители и многу други каде учениците од ОУ,,Дебрца,, се претставија со литературни творби.Пред присутните се обрати Градоначалникот на општина Дебрца Игор Трајкоски за значењето на овој ден и професорот по историја Наце Иваноски.

10715942_10201674118174539_1782995786_n