Во врска со денешното соопштение на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ, во кое стои :
„Лицемерието и безобразлукот на СДСМ нема крај! Ги опљачкаа училиштата, ги потрошија народните пари за приватни ручеци и седенки и прашуваат за долгот во образовните институции?! Каков безобразлук. Прашуваат за долг што тие го оставија, а го враќа и плаќа новата локална власт на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Никола Бакрачески.
За жал од СДСМ и денес докажаа дека никогаш не станаа свесни колку го презадолжија Охрид и училиштата, никогаш не се засрамија од криминалните дела и пустошот што го оставија во градов, па наместо да бидат благодарни на домаќинското работење на локалното раководство од ВМРО-ДПМНЕ , се дрзнаа истото да го критикуваат.
Во надеж дека умовите на СДСМ некогаш ќе почнат барем теоретски да разбираат што е тоа законско и чесно работење уште еднаш ќе им кажеме дека градоначалникот Никола Бакрачески мандатот го презеде со енормен долг во образовните институции од 77 милиони и 371 илјади денари.
СДСМ во свој стил , неаргументирано напаѓаат и денес и проблемите ги лоцира во блок- дотациите за образованието. Блок- дотациите, според висината на износите се еднакви. Значи износот на блок- дотациите што ги добивал претходниот градоначалник, се добиваат и сега. Но, разликата во распределбата на средствата е одредена од начинот на работење, односно за разлика од претходниот, сегашниот градоначалник работи домаќински .
Градоначалникот Бакрачески по преземањето на функцијата, наметна нови критериуми на домаќинско работење. Донесени се нови протоколи за работа, каде точно се знаат постапките што, како, кога и каде се прави. Новото локално раководство во оваа година и пол, главните заштеди во блок- дотациите ги прави со домаќинско трошење на нафтата, електричната енергија и превозот на учениците.
За жал и денес, како и кога беа на власт од СДСМ не сфатија зошто не успеаја да го реализираат проектот за поделба на гимназијата „ Св. Климент Охридски“ на две образовни институции. Не успеаја во својата намера затоа што не знаеја како да го спроведат процесот. Затоа што поимот закон за нив е апстрактна именка .Нивната стручност и компетентност не беше на доволно високо ниво за да го спроведат до крај овој комплексен процес. За разлика од нив, Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ за период од неколку месеци успеа документациски да ја поткрепи поделбата на двете училишта и денес ги имаме гимназијата „ Св. Климент Охридски“ и средното економско училиште со медицински паралелки „ Св. Кирил и Методиј“ .Постапката е реализирана според законските прописи и со согласност добиена од Владата на Република Македонија. Во ново отвореното средно стручно училиште „ Св. Кирил и Методиј“ извршена е поделба на наставничкиот кадар, ангажирани се дополнителни лица кои што се неопходни за образовниот процес и именуван е в. д директор.
Избрани се членови на училишниот одбор и создадени се услови за непречено и квалитетно одвивање на наставно- образовниот процес,
Уште еднаш им порачуваме на СДСМ јавно да не се бламираат и да не изнесуваат неаргументирани ставови, затоа што така се повеќе потонуваат и само потсетуваат за пустошот што во сите сфери го оставија во Охрид.“– стои во реакцијата.
Со Почит,
ОК ВМРО – ДПМНЕ Охрид