По пат одам – на пат прашам: Зошто служи огледалото на плевната во Велгошти!?

Ако патувате на пат кон Велгошти сигурно вашиот поглед нема да го одмине огледалото кое е поставeно на автентичната селска плевна над училиштето „Живко Чинго“ на пат кон црквата „Света Петка“.

Она што е интересно е тоа што оваа корисна плевна на која стои старо ѕидно огледало неодамна беше реконструирана, но не во нов стил и изглед, туку токму онаква каква што и се изградила пред десетици години. И да биде уште поинтересно: огледалото одново е поставено тука, колку да се знае дека оваа плевна ќе биде уште долго активна и функционална како за стопанисување, така, преку ѕидното огледало и во функција на безбедниот сообраќај низ селото! Или, којзнае, можеби има и друга функција?! Можеби е некоја амајлија или аманет?!

Е, оваа наша чудесна Македонија!

2013:

PlevnaVelgosti2013

2014:

PlevnaVelgosti2014

WebOhrid