Никој не се рекламира на ‘рѓосано

„Просторот за рекламирање на политичките партии“ во Охрид, беше одреден уште на 22 август. Тоа се тарабите поставени на оградата од ОУ „Григор Прличев“ и тоа е единственото место во Охрид наменето за тоа. Но, до ден денес, на само една недела до одржувањето на Локалните избори, овој простор за политичко рекламирање се уште е празен. Едноставно, политичките партии се рекламираат на големите билборди, но се одлучуваат и за многуте електронски видови на рекламирање. Кој ли би се рекламирал на ‘рѓосано!? WebOhrid

повеќе...

Чингоски: Превозниците велат бесплатен превоз, а на основ на тоа сакаат да остварат дебели профити

Сакам да ги информирам сите родители од основните училишта, поради екстремно високите цени на тендерите од страна на превозниците. Ние директорите од овие училишта бевме принудени истите да ги раскинеме, бидејќи ние доколку би ги прифатиле истите би сноселе кривична и морална одговорност, вели директорот на ОУ „Живко Чинго“, Велгошти, Ѓоко Чингоски. „Поради тоа, од понеделник (4ти септември) нема да има слободен и организиран превоз за учениците. Само за споредба ќе укажам: Месечната карта за Велгошти изнесува 600 денари, а тие настапија со износ од над 2000 денари. За Лескоец…

повеќе...

Подводна еко-патрола

За време на снимањето на подводни сцени од  WebOhrid Aquatic, затекнавме многу отпад. Истиот беше собран од наша страна и депониран до најблискиот контејнер. Најзастапен отпад беше стаклото, кое доколку навремено не се извади од водите се крши на многу повеќе парчиња. Би упатиле апел до сите: Да не фрлаат отпад, да не ја загадуваат природата и доколку забележат отпад да се потрудат истиот да го отстранат! А сега, време е за убави нешта! Уживајте во најновите подводни снимки кои ги сними нашата подводна камера… WebOhrid

повеќе...

Охридските сточари бараат да им се исплатат субвенциите за 2016 година

Сточари од Охрид бараат да им се исплатат субвенциите од минатата година, кои требаше да се исплатат до 30.06.2017 година. „Субвенциите за 2016 година завршија со исплата уште на 30 јуни. На сите им се исплатени, освен нас, а други примања немаме, ние зависиме од тие средства. Во текот на месецов не пуштаат од врата на врата и повратен одговор немаме. Добивме неколку телефонски броеви од Платежна агенција од Скопје, никој не ни одговори цел месец. Преку е-маил контактиравме со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и рурален развој; Министерството за…

повеќе...

Дали Охрид го тресат земјотресни роеви?

Земјотресни роеви е појава кога се случуваат серија земјотреси во одредена локална област во релативно краток временски период. Должината на времето што се користи за дефинирање на ројот се разликува, но може да биде денови, недели или месеци. Тие се разликуваат од типичните земјотреси, по кои следува серија афтер-шокови. При истражувањето на земјотресните роеви, станува очигледно дека ниту еден земјотрес од низата не е главен удар, односно секој нареден е со различен интензитет од претходниот. Директорот на Институтот за земјотресно инженерство, Михаил Гаревски, во изјава за медиумите пред осум месеци,…

повеќе...

Пронајдена и отстранета рибарска мрежа при снимање на сцени од WebOhrid Aquatic

Како што веќе знаете, минатиот викенд WebOhrid започна самостоен проект WebOhrid Aquatic, со кој ве водиме во подводниот свет на Охридското Езеро. Во текот на снимањето на подводните сцени, на потегот помеѓу Десарет и Градиште, пронајдовме и отстранивме рибарска мрежа заплеткана околу карпа, полна со риби во фаза на распаѓање. WebOhrid

повеќе...

WebOhrid Aquatic ве води во подводниот свет на Охридското Езеро

WebOhrid ве води во подводниот свет на Охридското Езеро. Ова лето, со WebOhrid Aquatic, ќе ви доловиме повеќе видеа, кои можете да ги погледнете на нашиот youtube канал: WebOhrid. Бидете дел од оваа летна шема 2017, само на WebOhrid! Следете не! Ваш WebOhrid

повеќе...

Зошто да го запишете Вашето дете во ОУ „Св.Климент Охридски“?

Зошто да го запишете Вашето дете во ОУ „Св.Климент Охридски“? Затоа што нашето училиште е единствено во градот кое има изготвено Правилник за писмено проверување, според кој секој родител писмено се известува за писменото проверување на своето дете по сите предмети, најмалку три недели пред тоа да се спроведе. Родителите секогаш знаат за: точниот датум, темите кои ќе се оценуваат, како и дека не можат да се спроведат повеќе од две писмени работи во една недела. Тоа нуди можност секој  родител, во секој момент, да знае по кој предмет, во…

повеќе...

Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

По повод најголемиот христијански празник Воскресението Христово – Велигден, редакцијата на WebOhrid упатува честитки до сите православни христијани, со желба за многу здравје, среќа, љубов, успех, благостојба и спокој во секој дом. Нека ни е честит големиот христијански празник Христово Воскресение – Велигден и За многу години. Христос Воскресе – Навистина Воскресе! WebOhrid

повеќе...

Птиците преселници се враќаат од југ

Пролетта е на прагот. Последните календарски денови од зимата знаат да бидат топли, но и студени. Најдобар знак дека пристигнува пролетта се птиците преселници, кои денес пред зајдисонце надлетаа над Охрид. Со оглед на тоа што вчера беше Летник, празник за кој се верува дека е поврзан со враќањето на птиците од јужните краишта, по се изгледа дека тоа навистина е така. WebOhrid

повеќе...