Странските туристи се побројни во Струга

Како Струга нема друга! Така најверојатно им се прикажува Македонија на странските туроператори кои се почесто ги носат туристите кон Струга. А Струга, како да ја продолжува туристичката сезона од септември во октомври, а како тргнало со новите групи на странци, најверојатно и ноември ќе биде посакувана дестинација за гости од европските и воневропските земји. А зошто да не ?! И Струга го има Охридското Езеро и прекрасното западно крајбрежје на кое од лето во лето никнуваат луксузни плажи и хотелски комплекси.

Очигледно стружани решиле сериозно да се тркаат со Охрид во освојување на првото место под туристичкото македонско сонце.

StrugaTuristi02WebOhrid