Светски ден на учителот

Наставниците се инвестиција за иднината на државите. Тоа со што денешните деца ќе се соочат во животот кога ќе пораснат не може да се предвиди, а со тоа и наставниците денес и во иднина, имаат потреба од вештини, знаење и поддршка со кои ќе овозможат да се задоволат различните потреби за учење на секое дете.

„УНЕСКО и партнерите работат за да обезбедат професионално обучени, мотивирани и добро поддржани наставници за сите ученици…“ – истакна Ирина Бокова, генерален директор на УНЕСКО.

Оваа година, 5 октомври, се слави 20-годишнината од Светскиот ден на учителот. Овој ден го прославува усвојувањето на Препораката на УНЕСКО во врска со статусот на наставниците во 1966 година. Оваа препорака морално ги обврзува сите земји.

Според Заводот за статистика на УНЕСКО, во многу земји, квалитетот на образованието е лош поради дефицитот од наставници. 1,4 милиони наставници недостасуваат во училниците ширум светот – кои се потребни за да се постигне универзалното основно образование (UPE) за 2015 година.

Освен наставниците како број, недостасува и квалитет: многу често, наставниците работаат без ресурси или соодветна обука. Влоговите се високи, затоа што се соочуваме со глобална криза во образованието, со 250 милиони деца кои не стекнуваат основни вештини за читање и пишување.

Како што земјите забрзано чекорат кон 2015 година, така е оформена и новата развојна агенда, која е од суштинско значење за наставниците да останат како приоритет.

Меѓународната заедница и владите треба да се обединети за поддршка на наставниците и квалитетот на учењето низ целиот свет, но особено во оние земји каде што постои најголем број на деца кои не посетуваат настава.

За овој светски ден на учителот УНЕСКО и неговите партнери ги покануваат сите да помогнат за ширење на пораката дека инвестирањето во наставниците е клучот. Дека и покрај се, образовниот систем е добар онолку колку што се и неговите наставници.