Вчера, 5-ти октомври, Скопје градски парк – Гази Баба, се одржа последниот државен натпревар во планински велосипедизам за бодовната ранг листа – сезона 2014. Во организација на велосипедскиот клуб Енерџи од Скопје, поддржана од Град Скопје, општината Гази Баба и Велосипедската Федерација. Почесен гостин на натпреварот кој го означи стартот, во спортски дух ги бодреше натпреварувачите и на крај го изврши чинот на прогласување на најуспешните, градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски.
Патеката традиционално се вози од самиот почеток на развојот на планинскиот велосипедизам во Македонија и истата име е добро позната на сите натпреварувачи. Сместена во багремовата шума во паркот, со должина од 4,7 км изобилува со скршнувања де налево де надесно на кратки периоди, со краткотрајни нагорнини па надолнини, што ја прави напорна поради долготрајниот континуитет на вртење на педалите.
За учество во натпреварот се пријавија шеесетина велосипедисти во 5 категории за бодовната листа на ВФМ од 7 клубови и рекреативците – хоби како шеста категорија. Велосипедистите во дресот на Охридскиот Екодром и на овој натпревар доминираа со вкупниот број на медали. Од вкупно 18 медали во 6 категории, 5 медали за Екодромци: 3 златни, 1 сребрен и 1 бронзен. Во категорија Јунори, Злато за Петар Упевчески и сребро за Јован Јованоски.
Големо изненадување и најинтересен натпревар ни приреди Категорија Кадети, Злато за Новица Велјаноски кој во текот на трката се држеше помеѓу третоа и четвртата позиција за да го даде својот максимум на четвртиот и последен круг. Бронза за Јаков Јованоски, кој ги изненади присутните со својата подготвенсот држејќи го второто место на почетокот па и првото место во текот на третиот круг, но за жал попушти во четвртиот круг завршувајќи како третопласиран. Петтиот медал во категоријата на рекреативци – хоби, Злато за Михаил Тасески кој уште еднаш се докажа со огромна разлика пред останатите рекреативци.
Велосипедистите на натпреварот беа почастени со присуството од страна на градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски, кој своето слободно попладне го посвети на натпреварот. Покрај тоа што го означи стартот, во спортски дух ги бодреше натпреварувачите, и на крај при чинот на прогласување на најуспешните, лично го изврши доделувањето на медалите, наградите и поклоните од спонзорите. Секој чест за Градоначалникот и неговата желба да се посвети на спортот и дружењето со младите генерации.
Неофицијално со вака плодна и успешна сезона 2014 според ранк листата на ВФМ, ЕкоДром и годинава ќе се заќити со златниот трофејот, најуспешен клуб во планински велосипедизам – „МТБ Шампион во РМ‘‘. Во категорија на Јуниори во генералниот пласман, МТБ Шампион во РМ – Јован Јованоски, Вицешампион Петар Упевчески и во категорија кадети МТБ Шампион во РМ – Новица Велјаноски.
Генерално Охриѓани доминираа на настанот, покрај успесите на Екодромци, одлична извозена трка и освоено злато за Левен Рифат во најсилната категорија Елит – Сениори, кој годинава е член на клубот Мадал Бал од Скопје и во категоријата на рекреативци – хоби, Андреј Хаџи Василев го освои бронзениот медал.