Од вечерва на полноќ дизелот поевтинува еден денар, додека бензините остануваат со истата цена. Вака денес одлучи Регулаторната Комисија за Енергетика.
Малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 0.84%. Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 остануваат исти и еден литар од овие горива ќе се продава по цена од 77.00 односно 78.50 денари за еден литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за еден денар, и еден литар од ова гориво ќе се продава по цена од 64.50 денари.
Овие цени ќе важат следните две седмици.