Светски ден на живеалиштата

Во Резолуцијата 40/202 од 17 декември 1985 година, Генералното собрание на ОН го назначи првиот понеделник од октомври како Светски ден на живеалиштата.

Оваа година, Обединетите нации ја избраа темата „Гласови од предградијата“. Кампањата на светскиот ден на живеалиштата има за цел да го препознае животот во предградијата и да им се даде право на глас на сиромашните населби за подобрување на квалитетот на условите за живот во постоечките сиромашни квартови.

„Оваа година, Светскиот ден на живеалиштата е посветен на давањето на глас на сиромашните населби. Често, луѓето во сиромашните квартови живеат речиси анонимно… без адреса, без попис и без идеја кога нивните услови за живот ќе се подобрат. Да ги сослушаме луѓето кои живеат во сиромашните квартови, она што функционира, она што не функционира и она што треба да се направи“. – истакна генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.